Muhammed Boztepe
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку шест припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во воздушен напад на турската војска на северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на Армијата на Турција е потврдено дека нападот е извршен вчера на подрачјето Зап на северниот дел на Ирак. Наведено е и дека терористите биле во подготовка за изведување напади.
ПКК е сепаристичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.