Mustafa Deveci
17 Јули 2024•Ажурирај: 18 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Повеќе од 500 здравствени работници се убиени во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, јавува Анадолу.
Израелската Армија, која од 7 октомври фрла бомби врз Газа, ги бомбардира здравствените установи и вработените во палестинската енклава.
Здравствениот систем во Газа, кој е уништен од израелските напади, е во колапс. Надвор од функција се 23 од 36 болници на тоа подрачје.
Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 500 здравствени работници се убиени во Газа во израелските напади што траат од 7 октомври.
Меѓу убиените се многу лекари специјалисти. Оптоварувањето на преостанатите болници кои работат расте од ден во ден.
Во болниците во регионот постои сериозен недостаток на лекови поради нападите кои траат веќе десет месеци и израелските ограничувања на влезот на помош во Газа.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се убиени 38.713 Палестинци, вклучувајќи најмалку 15.694 деца и 10.279 жени, а 89.166 се ранети.