Ali Cura
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
МОСКВА
Бројот на луѓе што ги загубија животите поради труење со нелегален алкохол во регионот Оренбург во Русија се зголеми на 32, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на администрацијата на регионот Оренбург се наведува дека се зголемува бројката на луѓе затруени од алкохол во регионот во последните 3 дена.
„Бројот на лица кои се хоспитализирани поради труење со нелегален алкохол се зголеми на 64, од кои 32 ги загубија животите“, се вели во соопштението.
Полицијата објави дека се приведени 9 лица поврзани со инцидентот со труење, при што 4 лица се притворени под обвинение за производство и продажба на нелегален алкохол.