Emel Gözellik
03 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ПЕКИНГ
Бројот на починати во Кина од последиците на заразување со Ковид-19 се зголеми на 3.322 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националната здравствена комисија на Кина, во покраината Хубеи, во која прво се појави епидемијата на коронавирусот, а потоа се прошири и во другите земји во светот, се забележани уште 4 смртни случаи предизвикани од вирусот.
Во изминатите 24 часа во Вухан се излекуваа 163 заболени, додека 1.727 лица сѐ уште се наоѓаат на лекување. Од Комисијата наведуваат дека во покраините Лиаонинг и Гуангдонг се потврдени 31 нов случај на заразување со Ковид-19, од кои 29 пристигнале од странство и сега бројот на заразени во таа земја изнесува 81.620 лица.
Досега во Кина потполно се излекуваа 76.571 лице, кај кои претходно беше дијагностициран коронавирусот.