Faruk Zorlu
13 Септември 2022•Ажурирај: 14 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Уште седум бродови ги напуштија украинските пристаништа во рамките на договорот за извоз на жито потпишан во Истанбул, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството не се откриени појдовните точки на бродовите, ниту нивните дестинации.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.
Од испловувањето на првиот брод во рамките на договорот на 1 август, досега низ коридорот за жито над 120 бродови имаат пренесено преку 2,5 милиони тони земјоделски производи.