Faruk Zorlu,Ali Murat Alhas
29 Март 2019•Ажурирај: 30 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес упати критики за потегот на САД за признавање на израелскиот суверенитет врз окупираната Голанска Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е погрешно и текот е опасен. Постои една добра поговорка, кој сее ветер ќе жнее бури“, изјави Акар, осврнувајќи се на американската одлука за Голанската Висорамнина, за време на средбата со семејствата на шехидите во Истанбул.
Во понеделникот, американскиот претседател Трамп потпиша претседателски декрет со кој официјално ја призна Голанската Висорамнина како израелска територија.
Израел окупираше две третини од сириската Голанска Висорамнина за време на Шестдневната војна во 1967 година, а анексијата на тој регион ја прогласи во 1981 година. Според меѓународното право, Голанската Висорамнина има статус на територија окупирана во конфликт.
Турција, Русија, Кина и Германија се противат на најконтроверзниот потег на Вашингтон во последниве години.