Levent Tok,Selen Temizer
09 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
ИДЛИБ (AA) - Вооружените сили на Турција (ТСК) и припадниците на Ослободителната сириска армија (ФСА) во операцијата „Маслинова гранка" од припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК ги ослободија селата Ескан и Чукали Фавкани, западно од Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавија новинарите на АА од регионот, силите на ТСК и ФСА продолжија со акцијата на ослободување на околните подрачја во Африн и од терористите на ПЈД/ПКК ги ослободија селата Ескан и Чукали Фавкани.
Претходно денеска е ослободено селото Дуккан и ридот и селото Нисрије.
Во досегашниот дел на операција „Маслинова гранка", од терористите на ПЈД/ПКК преземена е контрола на вкупно 45 точки, меѓу кои се наоѓаат 28 села и значителен дел на стратешки точки.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно „правото на самоодбрана”. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режинот на Асад во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.