Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
14 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
ИДЛИБ
Тројца цивили се повредени во нападот на цивилните населби од страна на терористичките групи што се под контрола на режимот на Асад и неговиот поддржувач Иран, кои го прекршија примирјето во деескалациската зона во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимските сили стационирани во областа Маарет ал Нуман на југоистокот од Идлиб го прекршиле примирјето напаѓајќи ги селата Магара, Бејнин и Кенсефра на автопатот М4 јужно од Идлиб.
Во нападот се повредени тројца цивили, меѓу кои две деца и една жена. Повредените се пренесени во околните болници.
- Последна ситуација во деескалациската зона во Идлиб
Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место што најмногу е напаѓано од страна на режимот.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за 4 деескалациски зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.800 цивили.
Бројот на бегалци што избегаа од местата на кои се спроведуваат интензивни напади кон релативно побезбедни места во близина на границата со Турција и во областите ослободени од операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, за една година достигна 2 милиони.