Ömer Koparan,Ahmet Karaahmet,Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu,Zeynep Katre Oran
07 Декември 2024•Ажурирај: 07 Декември 2024
ХОМС (АА) - Силите на Сириската слободна армија, поддржана од САД, ја презедоа контролата врз Палмира во источното рурално подрачје на сириската покраина Хомс по судирите со силите на режимот на Башар ал Асад, јавува Анадолу.
Опозициските сили на Сириската слободна армија, кои дејствуваат во регионот Ал Танф, на сириска територија на раскрсницата меѓу Сирија, Ирак и Јордан, постигна значителен напредок против режимските сили во источниот дел на Хомс, соопштија денес локални извори.
По судирите со режимските сили, опозициската група ја презеде контролата врз градот Сукне меѓу Хомс и Деир ез-Зор, селото Карјетин и стратешката планина Гураб околу патот меѓу Дамаск и Хомс.
Опозициската група, исто така, ја презеде контролата врз градот Ал-Сухна меѓу Хомс и Деир ез-Зор, селото Ал-Карјатајн и стратешки важниот Џабал ал-Гураб кој се наоѓа околу патниот правец Палмира-Дамаск.
- Ситуацијата во Сирија -
Повторните борби меѓу режимските сили и антирежимските групи избувнаа на 27 ноември во руралните подрачја западно од големиот град Алепо.
До 30 ноември, опозициските сили презедоа контрола над поголемиот дел од центарот на градот Алепо и ја зазедоа покраината Идлиб.
На 1 декември, опозициската Сириска национална армија ја започна операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на Тел Рифат во руралниот дел на Алепо, ослободувајќи ја областа од терористички елементи.
Антирежимските сили ја зазедоа Хама во четвртокот и продолжија да напредуваат во текот на вчерашниот ден, заземајќи ги Растан и Талбисе во покраината Хомс.