Ekipa
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
КАРАЧИ (АА) - Најмалку трoјца припадници на безбедносните сили се убиени откако милитантите го пресретнаа нивното возило во Квета, главниот град на пакистанската југозападна пoкраина Белуџистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Последниот од серијата инциденти во кои цел беа припадници на силите за безбедност во покраината богата со минерали, се случи по Бајрам-намазот во фреквентната градска улица, објави локалниот канал „ARY News“.
Припадниците на безбедносните сили се враќале од Бајрам-намаз кога напаѓач отворил оган врз нивното возило. Двајца припадници на безбедносните сили загинаа на местото на настанот, додека третиот им подлегнал на повредите во болница.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Во последниве години, милитантните групи како што се „Лашкар-е-Џангви“ и сепаратистите Белуџи биле вмешани во слични напади врз припадници на безбедносните силиво Квета.
Покраината Белуџистан, која делумно се протега на територијата на соседените Иран и Авганистан, е стратешки важна поради тоа што е богата со резерви на бакар, цинк и природен гас.
Покраината во текот на шест декади е средиште на насилства, а сепаратистите тврдат дека со сила е припоена кон Пакистан по завршувањето на британското владеење во 1947 година.