Esat Fırat
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
РАМАЛАХ (АА) - Палестинската Влада побара од меѓународната заедница да вложи напори за да го спречи масакрот кој Израел го врши во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Јусеф ал Махмуд, портпарол на палестинската Влада, е наведен повикот до владите во арапскиот и исламскиот свет и пријателските земји да ги вложат сите напори за да се спречи крвопролевањето што Израел го врши во Газа.
Исто така, упатен е повик за поддршка на палестинските власти во борбата против „окупаторските сили на Израел“.
Се истакнува дека е потребна итна реакција на целиот свет за да се запре масакрот кој го врши Израел, а упатен е повик за заштита на палестинскиот народ.
Израелските војници утринава за време на демонстрациите организирани на границата на Газа усмртија најмалку 41 Палестинец, а повредија 1,693.