Ali Cura
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Префрлувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кај Русија предизвикува загриженост од можно зголемување на тензиите во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето од новинарите дали Одлуката за префрлување на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс) ќе предизвика зголемување на тензиите во регионот, одговори: „Да, постои загриженост. За ова прашање и претходно имаме дадено изјава.“
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на 12 мај се сретна со Николај Младенов, специјалниот координатор на ОН за Блискоисточниот мировен процес, истакнувајќи дека се многу загрижени поради состојбата на палестинско-израелското прашање. Лавров во таа пригода изјави: „Ситуацијата е во ќорсокак. Оваа безизлезна ситуација, уште повеќе се продлабочува, особено под светлото на Одлуката на САД за Ерусалим.“