Ekipa
04 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот експерт за нелегалните еврејски населби, Халил Туфакџи, смета дека со американскиот т.н. Мировен план се предвидува изолирана палестинска држава, а Западниот Брег ќе биде речиси претворен во еден голем затвор.
Туфeкчи, поранешен челник на Здружението на картографи, кое го затвори Израел, за Агенција Анадолија (АА) говореше за т.н. Мировен план кој претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го нарече Договор на векот.
Тој истакна дека според планот, палестинската територија ќе биде опкружена со еврејски населби и патишта кои им припаѓаат.
„Израел сака да ги расели вистинските сопственици на оваа земја од Ерусалим и Палестинците да ги претвори во малцинство“, изјави Туфекчи.
Тој додаде дека верските знаменитости ќе бидат под контрола на Израел.
„Кога Израел ќе посака, ќе им дозволува влез во нив, а кога нема да сака, нема да им дозволува. Така ќе се изгуби и ќе испари фактот според меѓународните одлуки, Источен Ерусалим да биде главен град на Палестина“, изјави Туфекчи.
Тој додаде дека со планот се предвидува главен град на палестинската држава да не биде Ерусалим, туку подрачје на периферијата на Ерусалим, на кое во моментот се наоѓа бегалскиот камп Шуфат.
Туфекчи изјави и дека според планот, регионот Агват, познат како земјоделски центар и подрачје кое сочинува 27 отсто од Западниот Брег, ќе биде под контрола на Израел.
Тој, исто така, рече дека сака да се спречи економскиот напредок на Палестина.
„Велиме дека со овој план палестинската економија ќе биде под израелска контрола. Израел со овој план ќе ги контролира ресурсите со вода, камен и мермер, како и палестинското снабдување со храна“, рече Туфекчи.
Тој додаде дека Израел долго време се обидува да го анектира Западниот Брег.
„Израел се води со една многу јасна програма. Десничарите, левичарите или поддржувачите на било која друга идеја се согласуваат за две работи. Првата е формирање палестинска држава во Јордан, а втората е да се направи Ерусалим главен град на еврејска држава“, рече Туфекчи.
Тој додаде дека т.н. Мировен план ќе го претвори Западниот Брег во голем затвор опкружен со Израел.
„Она што нам ни е предложено е клучевите на Западниот Брег да ги предадеме на Израел и да се откажеме од историските, општествените и културолошките права“, изјави Туфекчи.
Тој додаде дека Израел сака „потполно еврејска држава“.
„Во согласност со оваа цел, Палестинците ќе ги принудат на миграции од територијата на којашто живеат“, заклучи Туфекчи.