Hamdi Yıldız
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас до американскиот претседател Џо Бајден упати повик повторно да го отвори нивниот Конзулат во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската новинска агенција, на состанокот со палестинските лидери во градот Рамала, Абас од САД побарал да ја прекинат финансиската блокада на Палестина и повторно да го отворат претставништвото на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон.
Меѓу другото, Абас наведе дека состанокот ќе стави крај на поделбата меѓу сите групи, вклучително и „Хамас“ и „Исламски џихад“, со цел да се создаде влада на национално единство заснована на меѓународен легитимитет која ќе работи на укинување на блокадата од 2006 година и обнова на Газа.
Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) одлучи да одржи состанок на Централниот извршен одбор на организацијата најдоцна во јануари.
На состанокот е донесена одлука да се испратат писма до светските лидери и меѓународните институции за да преземат акции за запирање на нападите на Израел и нелегитимното населување на Палестинците.
Исто така на состанокот истакната е потребата за развој и проширување на мирниот народен отпор и зајакнување на улогата на обединетото национално лидерство кој ќе води до сеопфатен национален бунт против окупацијата.
Палестинската администрација осудувајќи ја класификацијата на 6 палестински невладини организации како терористички организации од страна на Израел, наведе дека ќе продолжи да ги поддржува овие институции.