Elena Trenchevska Chekovikj
13 Декември 2025•Ажурирај: 15 Декември 2025
ГРАД ГАЗА (АА) - Палестинците во Газа се борат да преживеат во тешки услови додека обилните дождови ги поплавуваат шаторите во кои се сместени раселените лица поради израелските напади, јавува Анадолу.
Раселените Палестинци живеат од ден за ден обидувајќи се да го издржат бремето кое обилните дождови додатно го отежнаа, предизвикувајќи поплавување на шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во источната населба Зејтун во градот Газа, и во останатите делови од Газа.
Оштетените шатори, веќе погодени од суровите зимски услови, дополнително ги влошија условите за живот на цивилите кои се борат да преживеат во студ и тешки околности.
Невремето донесе обилни дождови и силни ветрови во јужна Газа, предизвикувајќи брзо поплавување на шаторските кампови.
Користејќи основни алатки, семејствата се обидуваат да ја отстранат водата и да ги одржат суви малкуте работи што ги имаат. Многу шатори се урнаа под дождот и ветерот, оставајќи ги луѓето изложени на суровите временски услови.
Хуманитарните услови и понатаму се голем предизвик со оглед на израелските ограничувања за влез на хуманитарна помош кои продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот.