Ali H. M.Abo Rezeg
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ЕРИХОН (АА) - Палестинците ќе го достават предложениот „Договор на векот“ на САД, кој наводно има за цел решавање на долгодеценискиот конфликт меѓу Израел и Палестина, до Меѓународниот суд за правда, јавува Anadolu Agency (AA).
Саеб Ерекат, член на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) за АА изјави: „Сакаме да добиеме одобрување од Меѓународниот суд на правдата дека овој план во спротивност на резолуциите за меѓународна легитимност дека Источен Ерусалим (Кудс) е окупирана територија“.
Ерекат, сепак, не го прецизираше точниот датум за доставување на договорот до Меѓународниот суд на правдата во врска со ова прашање.
Палестинското раководство работи врз основа на интегриран план, за да одговори на одлуката на Трамп.
Терминот „Договор на векот“ се однесува на прикриениот план на САД, со кој сака да го реши спорот меѓу Израел и Палестина.
На 21 јануари АА откри детали за планот, со кој се повикува на анексија на целиот град Ерусалим (Кудс) и големите израелски населби кон Израел, а за возврат да се воспостави демилитаризирана палестинска држава.
Планот, исто така, вклучува за главен град на таа палестинска држава наместо Источен Ерусалим да биде селото Абу Дис на Западниот Брег, коешто брои 12.000 жители и граничи со Ерусалим, окупиран од страна на Израел во 1967 година, за кој Палестинците се надеваат дека ќе биде главен град на Палестина.
Предложениот план, исто така, повикува на признавање на Израел за еврејска држава, зачувување на територијалните води и воздушниот простор под контрола на Израел и постигнување решение во однос на прашањето за палестинските бегалци.
Планот е формиран во период на револт поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го признае Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.