Alperen Yurtoğlu
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Поради паника и страв кој вирусот зика ги предизвика во Јужна Каролина во САД, по грешка се убиени милион пчели, јавува Anadolu Agency (AA).
Извршено е запрашување во склоп на борбата против опасниот вирус зика на подрачјето Дорчестер во Јужна Каролина, кое доведе до убивање на милион пчели.
Според наведувањата на локалната телевизија WCBD News 2, откако на подрачјето Самервил е откриен случајот со вирусот зика, организирано е запрашување на комарците на целото подрачје, но тоа доведе до убивање на пчелите.
Според наводите на локалните пчелари, запрашувањето е вршено и во близина на кошниците со пчели. Тврдат дека се убиени околу 2,5 милион пчели.
Вирусот минатата година ескалираше во Бразил кога беа регистрирани повеќе од 2.400 случаеви во 20 бразилски држави, во споредба со 147 случаеви во 2014 година.
Најголем дел од пациентите беа родилки со покачена температура, осип и главоболка. Утврдено е и дека вирусот зика предизвикува зголемена микроцефалија, невролошко пореметување кое може да доведе до непотполен развој на мозокот кај новороденчињата.