Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државјанин Џошуа Холт во Венецуела беше лишен од слобода под обвинение дека тргувал со оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Холт во 2016 година отпатува во Каракас, главниот град на Венецуела за да се ожени со девојката со која се запозна по пат на интернет. Сепак, по кус потоа е лишен од слобода под обвинение дека тргува со оружје.
Холт е ослободен, а синоќа со сопругата Тамара Калено допатувал на аеродромот во Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп го прими Холт во овалната соба во Вашингтон.
„Многу нешта преживеа. Многу луѓе тоа не би можеле да го издржат“, рече Трамп, а Холт ја изрази својата особена благодарност до американските власти за сѐ што направиле за него.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека им се заблагодариле на владата на Венецуела за ослободувањето на Холт, но дека политиката на САД кон режимот на Николас Мадуро не е променета.
Исто така, меѓу другото, упатен е и повик до Венецуела за ослободување на сите политички затвореници.