Kaamil Ahmed
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Повеќе од илјада Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори денес започнаа штрајк со глад на повик на Марван Баргхути, долгогодишен палестински затвореник уапсен во текот на Втората интифада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Колективниот штрајк е започнат по повод Денот на палестинските затвореници, а затворениците се незадоволни од условите во кои се затворени.
„По 15 години поминати во затвор, бев сведок и жртва на израелскиот илегален систем за масовно апсење и злоупотреба на палестинските затвореници. Откако се исцрпени сите опции, одлучив дека нема друг избор туку да им се спротивставам на таквите злоупотрби со стапување во штрајк со глад“, напиша Баргхути за „Њујорк тајмс“.
Багхути беше уапсен од израелските сили во 2002 година, во текот на Втората интифада (2000-2003), а во тоа време, тој беше лидер на движењето Фатах.
Додека Израел го смета за безбедносна закана, редовните анкети на Палестинскиот центар за политика и истражување покажуваат дека Баргхути е еден од најомилените политички фигури меѓу Палестинците.
Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Саеб Ерекат, ги повика сите Палестинци да го поддржат штрајкот.
Ерекат во соопштението истакна дека ПЛО ќе продолжи да работи на подигнување на меѓународната совест за ова прашање.
Во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 6.300 палестински политички затвореници.