Emre Aşıkçı
17 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Почетокот на натпреварот од 15. коло на англискиот Чампионшип меѓу Хул Сити и Бирмингем Сити беше одложен бидејќи головите на стадионот Хул беа поголеми од пропишаното, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судиите пред почетокот на натпреварот ги измерија головите и заклучија дека натпреварот не може да започне бидејќи димензиите на головите не се во согласност со прописите.
Почетокот на натпреварот беше откажан додека не се реши проблемот.
Персоналот на Хул Сити беше принуден да употреби пила за да ги скрати стативите, кои беа подолги за 5,08 сантиметри.
„Официјалните претставници на натпреварот го известија клубот дека стативите мора да се скратат“, објави клубот Хул Сити на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
По половина час натпреварот започна, овојпат со стативи кои се во согласност со фудбалските прописи.
Натпреварот што во неделата се играше во рамките на 15. коло заврши со победа на Бирминген Сити од 0:2.
Хул Сити во моментов се наоѓа на 21. место на табелата во англискиот Чампионшип со 14 бода, додека гостинскиот тим на Бирминген Сити е 12-ти со 19 бода.