İdiris Okuduci
17 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
БЕЈРУТ (АА) - Либанската војска соопшти дека два воени глисери на Израел влегле во територијалните води на Либан прекршувајќи ја поморската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Соопштението на либанската војска во врска со овој настан го објави либанската официјална новинска агенција ННА.
„Воен глисер на Израел ги прекрши поморските граници на Либан и 1 час и 5 минути остана во нашите територијални води. Во истото подрачје уште еден израелски глисер ја прекрши поморската граница. Овој глисер во либанските територијални води остана пократко време“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека за израелските прекршувања е информирана привремената мисија на Обединетите нации (ОН) која се наоѓа на јужната граница и е во својство на набљудувач.