Hakan Çopur
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа се сретна со косовскиот претседател Хашим Тачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт, соопшти дека Помпео го примил Тачи во Вашингтон.
„Државниот секретар Помпео ја повтори неоспорната поддршка на Соединетите Американски Држави (САД) за независно, суверено и во меѓународната заедница целосно интегрирано Косово“, се наведува во соопштението.
Нојерт, исто така соопшти дека Помпео ги поздравил напорите што ги вложуваат косовските власти на сите полиња.
„Државниот секретар Помпео ги повика властите на Косово да ја искористат можноста за историски и опсежен процес за нормализација на односите со Србија“, наведе Нојерт, и додаде дека Помпео укажал на важноста на дијалогот под закрила на Европската Унија.
Помпео го повика Тачи Косово да ги укине царините кои се воведени за стоки од Србија и Босна и Херцеговина.
Тој нагласи дека процесот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија претставува врата на патот за идна интеграција на двете страни во западното општество.
Шефот на американската дипломатија, Помпео, на крајот ја изразил подготвеноста на САД на тој пат да им помогнат и на Србија и на Косово.