Zehra Ulucak
13 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
ПЕКИНГ
Над 200 лица загинаа или се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот заменик-министер за управување со итни состојби, Џоу Шуевин, во изјава за медиумите нагласи дека во поплавите во земјата 219 лица загинале или се водат како исчезнати.
Според Џоу Шуевин, во овие поплави срушени се над 54.000 домови.
Исто така, Џоу Шуевин рече дека поплавите предизвикале директна штета од околу 25 милијарди долари.
Како резултат на поплавите кои од јуни досега се случија во Кина, околу 2 милиони лица беа принудени да ги напуштат своите домови.