Sinan Doğan
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
БОГОТА
Во јужноамериканската држава Колумбија поројните дождови предизвикаа поплави во кои животот го загубија 45 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните весници во оваа земја, Национално здружение за управување со катастрофи и ризици информирало дека од почетокот на сезоната на дождови досега, настанале поплави и свлечишта во голем број подрачја од земјата.
Поројните дождови кои биле проследени со грмотевици, предизвикале поплави во кои животот го загубиле 45 лица. Во исто време повредени се 23 лица, а 3 се водат за исчезнати.
Од поплавите погодени се 3.451 семејство, а 36.000 лица се евакуирани.
Колумбиските провинции Антиокија, Вале дел Каука, Нарино, Уила и Кундинамарка се подрачја најпогодени од поројните дождови.
Претставниците на власта упатија повик до жителите, поради сезоната на дождови да стојат подалеку од бреговите на потоците, водените патишта и реките.