Salih Baran
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ЕДРЕНЕ
Уредникот при Сервисот на Агенција Анадолија (АА) за финансиски вести, Фуркан Наџи Топ, кој беше вработен во канцеларијата на АА во Атина, почина денес во болницата во која се лекуваше.
Телото на 34-годишниот Топ од болница првин беше пренесено во домот на неговото татко, а потоа беше погребан.
На погребната церемонија беа присутни членовите на семејството на Топ, неговите блиски, како и бројни претставници на АА како директорот на Меѓународни операции на АА, Муџахит Мухамед Сојкан, шефот на Сервисот на финансиски вести на АА, Јилмаз Јилдиз, директорот на АА во Едрене, Салих Баран, и директорот за админситративни работи на АА во Истанбул, Сабри Челебиоглу, како и колегите на Топ.
Меѓу другото, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, како и министерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк, телефонски упатија сочувство до Шенол Казанџи, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА.
Казанџи упати благодарност до Чавушоглу и Варанк, изразувајќи жалост поради смртта на Фуркан Наџи Топ.