Zafer Fatih Beyaz
13 Ноември 2025•Ажурирај: 13 Ноември 2025
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија го пречека Туфан Ерхурман, претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), кој дојде во прва официјална посета на Турција по изборот за претседател, известува Анадолу.
Коњица го придружуваше автомобил во кој беше претседателот Ерхурман на улицата пред Претседателскиот комплекс до официјалната порта.
Ердоган го пречека Ерхурман на главниот влез од Претседателскиот комплекс. Откако Ердоган и Ерхурман ги зазедоа местата на просторот за церемонија, беше интонирана турската химна, придружена со плотун од 21 топ.
Претседателот Ерхурман ја поздрави почесната гарда, велејќи: „Здраво, војници!“
На церемонијата стоеја и војници со знамиња што ги претставуваа шеснаесетте турски држави основани низ историјата.
Ердоган и Ерхурман си ги претставија своите делегации, а по фотографирањето пред новинарите двајцата претседатели продолжија со тет-а-тет средба.
По средбата претседателите Ердоган и Ерхурман ќе учествуваат на заедничка прес-конференција.
На церемонијата присуствуваа и потпретседателот на Турција, Џевдет Јилмаз, директорот за комуникации на претседателот, Бурханетин Дуран, личниот секретар на претседателот, Хасан Доган, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич и гувернерот на Анкара, Васип Шахин.