Özcan Yıldırım
10 Декември 2024•Ажурирај: 11 Декември 2024
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со Марк Руте, генералниот секретар на НАТО, известува Анадолу.
Според објавата на профилот на социјалните мрежи на Директоратот за комуникации на Претседателството на Туркије, Ердоган и Руте разговарале за последните случувања во Сирија.
Во разговорот претседателот Ердоган посочил дека Туркије се залага за заштита на територијалниот интегритет и стабилноста на Сирија уште од првиот ден на граѓанската војна во земјата, дека треба да биде управувана од сирискиот народ, а истакнал и дека Туркије ќе продолжи да прави сѐ што е во нејзина моќ за изградба на Сирија која ќе биде цела и без тероризам.