Nazir Aliyev Tayfur
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
БИШКЕК (АА) - Киргистанскиот претседател Соронбај Џинбеков денеска соопшти дека поднел оставка во услови кога во земјата со недели владеат немири, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претходно Џинбеков изјави дека ќе се повлече од функцијата само откако ќе бидат одржани нови парламентарни избори и бидат најавени претседателски избори.
Протести во централноазиската земја избувнаа на почетокот на овој месец, кога демонстранти кои упаднаа во Парламентот и другите згради, се судрија со полицијата и бараа нови парламентарни избори.
Како одговор на тоа, изборниот орган на земјата ги поништи резултатите од гласачките ливчиња на 4 октомври, на кои само 4 од 16 партии успеаја да го поминат прагот од 7 отсто за влез во Парламентот.
Од неделата, поддржувачите на осумте партии кои добија под 7 отсто гласови објавија дека ги отфрлаат резултатите, тврдејќи дека изборниот процес не бил фер.
Во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили едно лице загина, а 590 беа повредени.