Islam Doğru
19 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, во куќата во сојузната држава Делавер, каде што го минува одморот, падна од велосипед, известува Агенција Анадолија (АА).
Бајден (79) додека возел велосипед со својот тим на брегот од градот Рехобот, наеднаш ја загубил рамнотежата и паднал. Во помош му притрчале луѓето од обезбедувањето, а Бајден рекол дека е добро.
Џо Бајден изјави дека паднал додека се обидувал да ја извлече патиката што му се заплеткала во педалот кога застанал да разговара со граѓаните.