Ekipa
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Џасир Абдурезак, еден од извршните директори на Иницијативата за лични права (EIPR), кој беше притворен во Египет, три дена е држeн во самица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за западните медиуми, Хусам Бехџет, претседателот на Иницијативата за лични права (EIPR) истакна дека Џасир Абдурезак бил подложен на полоши услови од другите затвореници во затворот „Лиман Тора“, кој се наоѓа на југот од главниот град Каиро и се наоѓал три дена во самица.
„Нехуманиот и понижувачки третман на Абдурезак е направен намерно, ставајќи ги во опасност неговото здравје и безбедност“, истакна Бехчет, додавајќи дека нема топла зимска облека и дека лежи на метален кревет без душек.
Египетските безбедносни сили на 3 ноември ги приведоа Абдурезак, шефот на Одделот за кривична правда на ЕИРП, Керим Инара, и извршниот директор Мухамед Бешир со образложение дека со странски дипломати „разговарале на прашањата за човековите права во Египет“.
Обвинителството за овие лице покрена постапка со обвинение „за членство во терористичка група и ширење на лажни вести.“
Апсењето на персоналот на Иницијативата за лични права (EIPR) беше критикувано од многу европски земји, САД и Канада.
Во соопштението од египетското Министерство за надворешни работи на 21 ноември беше истакнато дека „изјавите на европските земји се обид да се влијае на истрагата.“