Mohammad Sıo
27 Декември 2023•Ажурирај: 29 Декември 2023
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Од либанската граница беа истрелани 18 проектили што беа насочени кон областа Рас ал Накура во североисточен Израел, соопшти Армиското радио, пренесува Анадолу.
Пресретнати се осум проектили, соопшти радиото, додавајќи дека нема информации за повредени или материјална штета.
Радиото објави и дека рано утринава во Рас ал Накура во неколку наврати се огласиле сирени.
Тензиите по должината на границата меѓу Либан и Израел се разгореа во период на наизменичната размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири досега по војната меѓу двете страни во 2006 година.
Пограничните тензии се случуваат во време на израелската воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.