Elena Teslova
08 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со директорот на американската Централна разузнавачна агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, додека тој беше на дводневна посета на Русија минатата недела, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Путин и Барнс дискутираа за проблемите во врска со кибербезбедноста, билатералните односи и кризата во дипломатските односи меѓу Русија и САД“, изјави Песков за новинарите.
„Тие исто така разменија мислења во врска со регионалната криза“, додаде портпаролот.
Високата американска делегација на чело со Барнс беше во Москва во период од 2 до 3 ноември.
„На 2 ноември, шефот на ЦИА разговараше за билатералните односи меѓу Русија и САД со секретарот на рускиот Совет за безбедност“, Николај Патрушев, соопшти прес-службата на Советот.
„Барнс на 3 ноември разговараше со директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (SRV), Сергеј Наришкин, за борбата против меѓународниот тероризам и меѓуресорската соработка“, се вели во соопштението на прес-службата на СРВ по средбата.