Mohammad Sıo
08 Јануари 2024•Ажурирај: 08 Јануари 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска денес соопшти дека противтенковска ракета лансирана од Либан експлодирала во пограничниот град Кирјат Шмона, пренесува Анадолу.
Како што јави армиското радио, не се пријавени повредени.
Во посебно соопштение, израелската војска објави дека нападнала позиции на Хезболах во јужен Либан, вклучително и воен комплекс и платформа за лансирање ракети.
Израел и Хезболах разменуваат оган долж заедничката граница по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Убиството на високиот лидер на Хамас, Салех ал-Арури, во Бејрут поттикна нови стравови од ескалација. Арури беше убиен во воздушен напад минатата недела, но Израел не потврди дали стои зад нападот.