Beraa Göktürk
11 Април 2023•Ажурирај: 12 Април 2023
ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) - Американската база во близина на гасното поле Конико, на истокот на Сирија, беше цел на ракетен напад што не предизвика никаква штета или жртви, јавува Анадолу.
„Нападот е извршен од подрачјето во Деир Ез-зор каде што се наоѓаат терористичките организации поддржани од Иран“, изјавија локални извори за Анадолу.
Неколку ракети се лансирани од Ал-Букамал источно од Деир Ез-зор, а една ја погоди областа на гасното поле Конико во близина на американската воена база, но не предизвика никаква штета.
Базите на американските воени и коалициски сили во Сирија повремено се цел на ракетни напади од регионите каде што се присутни групите поддржани од Иран.
Кон крајот на март две американски бази во Источна Сирија беа цел на ракетни напади што, наводно, предизвикале материјална штета. Целните бази беа во близина на нафтеното поле Ал Омар и гасното поле Конико во покраината Деир Ез-зор.
Деир Ез-зор, на источниот брег на реката Еуфрат, моментално е под контрола на сирискиот режим по повлекувањето на припадниците на терористичката организација ДЕАШ од покраината во ноември 2017 година.
Во Сирија од почетокот на 2011 година трае граѓанската војна, кога режимот на Башар ал Асад ги задуши продемократските демонстрации.
Според процените на Обединетите нации, стотици илјади луѓе се загинати, а повеќе од 10 милиони се раселени.