Recep Şakar
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Сиднеј, трудницата Рана Еласмар, муслиманка со шамија, била нападната од маж додека седела со пријателките во една кафетерија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата на државата Нов Јужен Велс соопшти дека 31-годишната трудница Еласмар, која е во 38. недела од бременоста, во сиднејската населба Чрч Стрит седела со пријателките во една кафетерија. До нивната маса се приближило лицето Стипе Лозина и со тупаници почнал да ја удира Еласмар.
По примените удари, Еласмар паднала на земја, а од рацете на 43-годишниот напаѓач ја спасиле пријателките и лицата што се нашле во кафетеријата.
Нападот се случил во средата вечер во 10:30 часот по локално време, а видеоснимките објавени на социјалните мрежи предизвикаа големи реакции.
Нападот е оценет како расистички, а во исто време се истакнува дека Лозина при нападот извикувал и зборови против исламот.
- Осуда на расистичкиот напад -
Нападот го осудија неколку организации, меѓу кои е и Федерацијата на исламски совети на Австралија (AFIC).
Д-р Ратеп Џнеид, претседател на Федерацијата на исламски совети на Австралија (AFIC), за АА изјави дека ниту една жена не смее да биде жртва на ваков напад, додавајќи: „Застрашувачки е фактот дека нападната е бремена жена која седела со своите пријателки. Напаѓачот треба да ја почувствува сета моќ на судството, од сите негови аспекти. Ова беше отворен расистички и антиисламски напад и очекуваме да биде третиран на тој начин.“
Д-р Џнеид истакна дека е потребно да се преземат мерки за да се спречат ваквите видови антиисламски напади. „На најлош можен начин видовме дека исламофобијата е реалност и претставува закана за општеството. Како Федерација на исламски совети на Австралија до Владата и сите безбедносни сили упатуваме повик на ова прашање да му се приближат со сета сериозност, додека не е доживеана некоја трагедија“, изјави Џнеид.
- По приведувањето, напаѓачот е притворен -
По приведувањето, напаѓачот е изведен пред локалниот суд во Парамата. Судијата го одби барањето на Лозина за кауција и бранење од слобода, по што напаѓачот е притворен.
Од друга страна, судијата Тим Кејди во процесот рече дека напаѓачот ѝ е добро познат на полицијата и има големо криминално досие, и додаде: „Откако прокоментиравте за муслиманите, ѝ се приближивте (на жртвата) и 14 пати ја удривте со тупаници. Ова ќе го земам предвид во многу силен случај против вас.“
Жртвата Еласмар има повреди и модринки на различни делови од главата и телото. Пренесена е во болницата „Вестмид“, од каде што по лекарскиот преглед е пуштена на домашно лекување. Нема никакви информации за здравствената состојба на Еласмар и нејзиното бебе.