Yusuf Özcan,Feyzullah Yarımbaş
16 Јануари 2020•Ажурирај: 18 Јануари 2020
ПАРИЗ (АА) - Меѓународната организација „Репортери без граници“ (RSF) го осуди упадот на египетската полиција во Канцеларијата на Агенција Анадолија во Каиро и приведувањето на четворицата вработени.
„Неприфатливо е што Египет, со приведувањето на четворицата вработени на АА, новинарите ги зеде како заложници и ги користи како алатка во дипломатското недоразбирање“, се наведува во пораката која организацијата со седиште во Париз ја објави на Твитер.
Во пораката се нагласува дека властите не би требало лажно да ги обвинуваат новинарите поради тоа што тоа претставува ограничување на плурализмот и на критиките.
Египетската полиција во вечерните часови на 14 јануари изврши упад во Канцеларијата на АА во Каиро и потоа приведе четворица вработени, меѓу кои и еден државјанин на Турција, и ги одведе во непознат правец.
Полицијата при упадот во Канцеларијата на АА ги изгаснала безбедносните камери и ја прекинала интернет-врската. Безбедносните сили вршеле претрес во Канцеларијата до утринските часови, ги зеле пасошите на вработените, мобилните телефони и компјутерите и ги спречиле да контактираат.
Египетските институции досега не дадоа образложение зошто новинарите се приведени и каде се однесени.