Ali Cura
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи во врска операцијата „Извор на мирот“ истакна дека нема сомнежи во однос на потребата на Турција да ја осигури својата безбедност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се истакнува дека операцијата на граничната линија Турција - Сирија дава сериозна причина за загриженост.
Наведувајќи дека е важно да се спречи нестабилност на североистокот на Сирија, во соопштението се упатува повик до сите страни да преземат чекори за почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.
„Немаме сомнежи во однос на борбата против терористите и потребата на Турција да ја обезбеди својата безбедност“, се нагласува во соопштението.
Се додава дека мирот и стабилноста во регионот може да се постигне со дијалог помеѓу администрацијата на Дамаск и терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Исто така, во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека Москва е подготвена да го охрабри дијалогот за нормализирање на односите меѓу земјите во регионот.