Ahmet Gençtürk
23 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - Руски воен авион се урна во јужен Сибир, а во несреќата животот го загубија двајцата пилоти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цитирајќи го гувернерот на Иркутск, Игор Кобзев, државната новинска агенција ТАСС објави дека воениот авион СУ-30 се урнал врз двокатна зграда во Иркутск.
Засега не е позната причината за несреќата.
Министерството за одбрана на Русија на 17 октомври соопшти дека борбениот авион СУ-34 се урнал во населено место во градот Јејск додека бил на тренажен лет. Во несреќата животот го загубија 13 лица, меѓу кои и три деца.