Ekipa
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, утре ќе отпатува во Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Русија денес соопшти дека Лавров со шефот на дипломатијата на Северна Кореја ќе разговара за билатерални прашања, како и за целосната ситуација на Корејскиот Полуостров.
Посетата на Лавров се случува во пресрет на планираната средба на Доналд Трам и Ким Џонг Ун наредниот месец.