Ali Cura
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека нема да дозволат странска интервенција врз суверенитетот на земјата на парламентарните избори што ќе се одржат оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин на средбата со претставниците на политичките партии во Парламентот се осврна на парламентарните избори што ќе се одржат во Русија.
Истакнувајќи дека сите политички партии се согласуваат да биде спречено мешањето на изборите, Путин рече:
„Ние сме должни овие избори да ги заштитиме од какви било обиди за странска интервенција. Не можеме и нема да дозволиме никаков удар против суверенитетот на Русија.“
Путин, меѓу другото, рече дека активностите на информатичките компании што го ограничуваат пристапот на корисниците до разни платформи се сериозна закана, и додаде дека тие компании презеле слични активности и во САД.
„Ако овие компании се однесуваат вака во своите земји, како ќе се однесуваат кон другите земји сметајќи се дека се привилегирани? Ова е сериозен проблем. Секако, за ова мора да размислиме однапред“, нагласи Путин.
По апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални на 17 јануари, опозицијата организираше нелегални протести.
Откако полицијата не дозволи демонстрации, опозицијата најави дека ќе се подготват за парламентарните избори што ќе се одржат на 19 септември во земјата.