Muhammed Bilal Kenasari
31 Август 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека бројот на војниците на САД кои се наоѓаат во Авганистан изнесува околу 11.000, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Министерството за одбрана на САД, Дана Вајт, одговараше на прашања на новинарите на заедничката прес-конференција со генерал-полковникот Кенет Меккензи од маринскиот корпус на САД.
„Моменталната вкупна бројка на нашите војници во Авганистан е околу 11.000. Во овој број не се земени предвид промените што ќе ги направи Министерството за одбрана во иднина“, истакна Меккензи во врска со бројот на војниците на САД во Авганистан.
Меккензи нагласи дека во овој број се вклучени и војниците кои престојуваат во Авганистан за мисии од краток рок, или на замена.
Од друга страна, портпаролката Вајт пренесе дека од овој број не се покажува дека е зголемено присуството на американски војници во Авганистан.
„Само сме потранспарентни за напорите на САД во Авганистан, а ги чуваме во тајност чувствителните информации“, додаде Вајт.
САД во ноември 2016 година донесоа одлука за зголемување на бројот на војниците во Авганистан на 8.400 лица.