Dildar Baykan
29 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
ЊУЈОРК (АА) - Во американската сојузна држава Тексас извршен е вооружен напад во кој се ранети петмина полицајци, а напаѓачот е мртов, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави полицијата на градот Хјустон се вели дека во едно регионално училиште дошло до вооружен напад во кој се ранети повеќемина полицајци.
Според вестите објавени во локалните весници, петтемина ранети полицајци се пренесени во болница.
Градоначалникот на општина Хјустон, Силвестер Тарнер, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека напаѓачот е мртов.
Засега сѐ уште не е утврдена причината за нападот, а населението што живее во близина е предупредено да се држи подалеку од местото на нападот.