Bilgin S. Şaşmaz
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ЧИКАГО (AA) - Во Чикаго е отворен 58. Саем на авијација и поморство на кој многубројни воздушни акробатски тимови ги воодушевија присутните, јавува Anadolu Agency (AA).
Маневрите на пилотот над езерото Мичиген одушевија речиси два милиони посетители кои со возбудување гледаа на вештините на пилотите. Имаше и такви кои се решија во акробациите да уживаат од пловилото на езерото.
Во маневрите учествуваа цивилните тимови The Firebirds Delta Team, Bill Stein, Aerostars, AeroShell Aerobatic Team,но и авионите на американските вооружени сили.
Маневрите во кои учествуваат и американската морнарица, крајбрежната стража и воздушните сили ќе бидат изведувани денес.