Dildar Baykan
04 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Директорката на американската разузнавачка агенција (ЦИА), Џина Хаспел, денес ќе го информира американскиот Сенат за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста која се потпира на блиски извори на американскиот „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), Хаспел утринава ќе ги информира сенаторите во врска со случајот на убиството на Џамал Кашоги.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за одбрана, Џејмс Матис, минатата недела во американскиот Конгрес одржаа брифинг за Јемен и за саудискиот новинар Џамал Кашоги.
И републиканците и демократските сенатори реагираа на отсуството на брифингот на директорката на ЦИА, Хаспел.
Весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post) објави дека ЦИА потврдила дека наредбата за убиството на Џамал Кашоги ја дал престолонаследникот, принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман.