Diyar Güldoğan
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНКАРА (АА) - САД и Русија се согласија на взаемна соработка со цел дипломатско решавање на прашањето во врска со програмата за балистички и нуклеарни проектили, соопшти Стејт Департментот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, постигнаа договор за време на нивниот телефонски разговор, истакна портпаролката Хедер Нојерт.
„Разговарано е за загриженоста поврзана со дестабилизирачката нуклеарна програма на ДНР Кореја и истакнато е дека ниту САД ниту Русија не ја прифаќаат ДНР Кореја како нуклеарна сила“, истакна Нојерт повикувајќи се на официјалното име Демократската Народна Република Кореја (ДНРК).
Овој потег следеше по сигналите од Вашингтон за тоа како претседателот Доналд Трамп планира да го исполни своето ветување да го реши прашањето во однос на Северна Кореја.
Северна Кореја во 2017 година има тестирано 15 проектили, додека во септември има спроведено шест подземни нуклеарни тестирања.
Портпаролката на Стејт Департментот изјави дека Тилерсон и Лавров дискутирале и за ситуацијата во Сирија, и се согласиле за важноста на процесот во Женева во однос на постигнување мирно решение.
Таа доаде дека Вашингтон изразил загриженост во врска со растечкото насилство во источна Украина.