Şeyma Uzundere
31 Октомври 2022•Ажурирај: 01 Ноември 2022
СЕУЛ (АА) – Војските на Соединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја започнаа голема воздухопловна вежба на Корејскиот полуостров и тоа во сенка на новите тензии предизвикани од севернокорејските ракетни тестирања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап јавува дека во петдневната вежба учествуваат стотина американски авиони од типот Ф-35Б и ЕА-18 и 140 борбени авиони на јужнокорејската војска, вклучувајќи ги моделите Ф-35А, Ф-15К и КФ-16.
Истиот извор информира дека во вежбата учествуваат танкери КЦ-135 и извидувачки авиони на голема височина У-2.
Во вежбата учествуваат и австралиските воздухопловни сили.
САД и Јужна Кореја ја одржаа својата прва заедничка воена вежба во 2015 година. Вежбите беа прекинати во 2018 година како дел од политиката за помирување на поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џае-ин со Северна Кореја.
Северна Кореја со продолжувањето на ракетните тестирања предизвикува нови тензии во регионот, а САД и Јужна Кореја ги продолжија воените вежби.