Ekipa
22 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) - МУХАМЕД МИСТО -
Соединетите Американски Држави (САД) од подрачјето на Ирак испратија нов голем конвој камиони во североисточниот дел на Сирија, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори јавуваат дека конвој од околу 200 камиони синоќа го преминал граничниот премин „Симелка“ и влегол во сириската покраина Деир eз-Зор, која е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК.
Истите извори јавуваат дека станува збор за конвој со градежни материјали и машини кои се испратени за платото на нафтеното поле Омер, од каде што ќе биде дистрибуиран низ подрачјето под окупација на ЈПГ/ПКК.
Ова е уште еден од низата конвои кои САД веќе четири години ги испраќа како помош на раководството на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Последниот американски конвој од околу 100 камиони на североистокот од Сирија влезе на почетокот од месецот.
Локалните извори тврдат дека градежните машини и материјали ќе им послужат на терористите во изградбата на мрежа од подземни тунели во тој регион.
Репортерите на АА на 15 април објавија снимки на кои се гледа како терористите во североисточниот дел на Сирија, во близина на сириско-турската граница, градат мрежа на подземни тунели.
Терористите на ЈПГ/ПКК моментно под окупација држат третина од територијата на Сирија, вклучувајќи го и градот Деир eз-Зор, кој го зазедоа од терористите на ДЕАШ во февруари оваа година.
САД, од 2015 година ја поддржуваат оваа терористичка организација и ја сметаат за партнер во борбата против терористичката организација ДЕАШ. Соседна Република Турција остро се противи на оваа соработка и тврди дека борбата против терористите не може да се води заедно со друга терористичка организација.
Американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатата година најави повлекување на американските сили од Сирија, а во моментов таму се наоѓаат околу 2.000 американски војници.