Servet Günerigök
24 Август 2023•Ажурирај: 25 Август 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на системите за пребарување и следење со инфрацрвени зраци за авионите Ф-16 (IRST) на Тајван и опрема поврзана со овој систем по проценета цена од 500 милиони долари, соопшти Пентагон, пренесува Анадолу.
Конгресот беше известен претходно за денот на можната продажба, се вели во соопштението.
„Понудената продажба на оваа опрема и поддршка нема да го сменат основниот воен баланс во регионот“, се нагласува во ова соопштение.
Во март, администрацијата на Бајден одобри продажба на оружје во вредност од околу 619 милиони долари за Тајван, што вклучува муниција за Ф-16 и соодветна опрема.
Кина постојано го повикува Вашингтон да го прекине секој воен ангажман или продажба на оружје на Тајван.
Исто така, ги санкционираше американските одбранбени компании за продажбата на оружје на островската држава.