Rabia İclal Turan
06 Февруари 2023•Ажурирај: 06 Февруари 2023
ВАШИНГТОН - Власта на САД порача дека се подготвени да и пружат секој вид помош на Република Туркије откако утринава нејзините јужни делови ги потресе разорен земјотрес со интензитет од 7,44 степени, известува Анадолу.
„САД се длабоко загрижени по веста за денешниот разорен земјотрес што ги потресе Туркије и Сирија. ПОдготвени сме да пружиме сета потребна помош. Претседателот на САД Џо Бајден му наложи на УСАИД и на другите партнери на сојузната влада да ги проценат можностите за одговор на САД, за да им помогнат на оние кои се најмногу погодени од земјотресот. Ќе продолжиме внимателно да ја слеиме ситуацијата во соработка со владата на Туркије“, изјави американскиот советник за национална безбедност Џек Саливан.
- Разорен земјотрес ги потресе Туркије и Сирија
Управата за вонредни состојби на Туркије (АФАД) објави дека интензитетот на земјотресот изнесувал 7,4 степени според Рихтер, со епицентар во местото Пазарџик, а потресот се случил во 4:17 часот наутро. По разорниот земјотрес уследиле 42 дополнителни потреси, од кои најсилниот изнесувал 6,6 степени по Рихтер.
„Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала што рано наутро ја потресе јужна Туркије“, изјави потпретседателот на Туркије Фуат Октај.
Земјотресот се почуствува и во соседна Сирија, особено во градовите Идлиб, Алепо, Хами, Латакија и Рака во кои се урнаа голем број згради.
Десетици згради се урнати во земјотресот и во делови на Сирија кои се под контрола на опозицијата.
Вкупниот број на загинати во Сирија досега изнесува 427. Агенцијата САНА објави дека 237 лица ги загубиле животите во подрачјата што се под контрола на режимот на Асад. На териториите што се под контрола на опозицијата загинале 190 лица.