Mücahit Oktay
11 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Првото јавно сослушување на Комисијата за истрага на упадот во Конгресот на 6 јануари во Соединетите Американски Држави (САД) го следеа повеќе од 20 милиони Американци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според агенцијата за следење рејтинг „Нилсен“, првото рочиште за упадот во Конгресот, одржано во четвртокот вечерта, привлекло околу 20 милиони гледачи.
Двочасовната седница на Комисијата во зградата на Конгресот во живо ја пренесуваа многу американски телевизии, а нивната дневна програма беше прекината.
Според извештајот на „Нилсен“, американската публика го преферирала каналот „Еј-би-си“ (ABC) (4,8 милиони), потоа „Ен-би-си“ (NBC) (3,5 милиони), а трет е „Си-би-ес“ (CBS) (3,3 милиони).
Се наведува дека во овие бројки не се вклучени оние кои ја следеле седницата во живо на „Јутуб“ и на други интернет-платформи.